Македонија

Полицијата заплени 116 килограми Охридска Белвица, откриени се и 4 км рибарски мрежи

Ккривичното дело „незаконит риболов“

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро во водите на езерото извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор.

Притоа, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење лов на риба, во вкупна должина од околу 4.000 метри со улов од 872 парчиња риба – Охридска Белвица и вкупна тежина од 116,9 килограми.

-По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионален центар за гранични работи Запад од езерото ги подигнаа рибарските мрежи заедно со уловот, по што е известен надлежниот инспекторат за рибарство – соопшти претпладнево МВР.

Во наредниот период, Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро ќе продолжи со спроведување на засилени акциски контроли со цел сузбивање на незаконитиот риболов, како и пронаоѓање на лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското езеро, додаваат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

To top