Македонија

Голема полициска акција – уапсени се повеќе лица, главниот осомничен пробал да ја напушти државата

Детали се очекуваат денеска

Синоќа припадници на Одделот за сузбивање на организиран криминал при БЈБ – МВР спроведоа голема акција во Скопје. Приведени се неколку лица, а извршени се претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал, дознава Експрес.

Според првичните информации, еден од главните осомничени се обидел да ја напушти државата. Истражните органи веднаш презеле мерки и ја реализирале акцијата.

Се работи за сомневања дека преку лажни извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила биле прикривани и пренасочувани парични средства.

Во случајот се опфатени и правни лица, а неофицијално дел од осомничените се вработени и во државни претпријатија.

Проценетата штета изнесува околу 2 милиони евра.

Акцијата продолжува, а од МВР најавуваат дека денеска ќе објават повеќе детали.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top