Хроника

Бебе од липковско село донесено во кумановската болница поради сомневање за труење со детергент

Инаку ова е шестти случај на затруено дете со некаков вид опасна материја за период од месец дена

Вчера во 18:52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено деветмесечно бебе од липковско село кое било затруено со детергент, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од Општа болница Куманово појаснуваат дека родителите го донеле детето поради стравување дека испило детергент, но истото е во добра здравствена состојба и немало внатрешно внесување на опасна материја во организмот.

Инаку ова е шестти случај на затруено дете со некаков вид опасна материја за период од месец дена.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top