Спорт

Вардар победи во Купот пред новиот тренер Божовиќ

Шесткратниот освојувач го совлада третолигашот Овче Поле со 5:0 во Свети Николе и се пласира во осминафионалето

Шампионот Вардар го совлада третолигашот Овче Поле со 5:0 во Свети Николе пред новиот тренер Миодраг Божовиќ и се пласира во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Црногорскиот стручњак, кој вчера потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, ги проследи од трибините двата гола на капитенот Азер Омерагиќ и по едниот на Едиз Спахиу, на Бобан Николов и на дебитантот Сирики Диабате.

Најтрофејниот учесник во Купот со шест освоени пехари им се придружи на Струга, Брера, Македонија Ѓорче Петров и Пелистер меѓу 16. најдобри екипи во ова натпреварување.

Најнови вести од: Спорт

To top