Македонија

За Македонија 15% царинска стапка воведе Трамп

Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“

Рано утрово по македонско време американскиот претседател Доналд Трамп објави нови царински стапки за повеќе земји во светот.

Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична на онаа што ќе важи и за Европската Унија.

Претходно објавената стапка за македонските производи во април изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата мерка претставува значително намалување, пренесе „Блумберг адриа“

Трамп воведе минимална глобална царинска стапка од 10 отсто, додека за земјите со кои САД имаат изразен трговски дефицит, тарифите ќе започнуваат од 15 отсто па нагоре.

Од европските земји, највисока стапка од 39 отсто ќе важи за Швајцарија.

Србија ќе се соочи со царина од 35 отсто, Босна и Херцеговина со 30 отсто, додека Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ, се во истата група со Македонија – со 15 отсто.

За земјите што не се наоѓаат на официјалниот список на Белата куќа, Анекс 1, меѓу кои се Црна Гора и Албанија, ќе важи пониска стапка од 10 отсто.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Илинден е вистината за Македонија која живее

Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее, напиша премиерот Христијан Мицкоски во својата честитка. -Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои […]

Девет фирми добиле покана да достават понуда за Букојчани-Кичево

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза на тендерот за изградба на автопатот Букојчани-Кичево кој е дел од Коридорот 8. Се додава дека девет фирми, кои ја поминале оваа фаза, влегуваат во процесот за избор на изведувач за изградба на автопатот и дека денеска добиле покана да ги достават своите […]

To top