Бизнис

Отворени апликациите за Brand Export Competition – македонски бренд ќе добие можност за пласман на шведскиот пазар

Идејата е на компаниите да им се отвори простор не само да го претстават својот бренд, туку и да го стават неговиот потенцијал во меѓународен контекст и да направат конкретен чекор кон нов пазар.

Отворени се апликациите за Brand Export Competition, преку кој македонските брендови со амбиција за интернационален раст ќе имаат можност да го претстават својот потенцијал пред шведски експерти, а победникот ќе добие поддршка за пласман на својот производ или услуга на шведскиот пазар. Натпреварот е дел од Бизнис Арена 2026, која ќе се одржи на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje, а пријавувањето е отворено до 30 септември.

Под мотото „Дали вашиот бренд е подготвен за Шведска?“, Brand Export Competition е наменет за домашни компании кои имаат потенцијал и амбиција да го прошират своето присуство надвор од македонскиот пазар. Идејата е на компаниите да им се отвори простор не само да го претстават својот бренд, туку и да го стават неговиот потенцијал во меѓународен контекст и да направат конкретен чекор кон нов пазар.

Од пристигнатите апликации, стручно жири составено од тројца шведски експерти ќе избере три финалисти, кои ќе добијат место на главната сцена на Бизнис Арена. Секој од нив ќе има само 60 секунди да ја претстави суштината на својот бренд, неговата вредност и потенцијалот за меѓународен раст.

За победникот, сепак, нема да одлучува жирито. На денот на конференцијата, публиката ќе гласа во живо за еден од трите финалисти, а брендот со најмногу гласови ќе го добие Go-to-Sweden Acceleration Package, пакет за поддршка при поставување на неговиот производ или услуга на шведскиот пазар.

Brand Export Competition е дел од поширокиот концепт на годинашната Бизнис Арена, насочен кон посилно поврзување на македонските компании со меѓународни пазари, знаење и деловни контакти. Покрај разговорите за градење силни брендови, конкурентност и интернационализација, натпреварот внесува и практична компонента, можност домашен бренд да го провери својот потенцијал пред меѓународни експерти и да добие конкретна поддршка за понатамошен развој.

Апликациите за Brand Export Competition се отворени до 30 септември 2026 година, а заинтересираните компании можат да го пријават својот бренд преку официјалната страница на натпреварот.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top