Регион

Земјите од Западен Балкан немаат реални шанси за членство во ЕУ, смета дописникот на FAZ Мартенс

Македонија, Албанија, Србија, Косово и БиХ без шанси, Црна Гора со минимални а Молдавија во ЕУ само како дел од Романија.

Со теоретски исклучок на Црна Гора сите земји од Западен Балкан немаат реална перспектива за зачленување во Европската Унија анализира Михаел Мартенс, дописник на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за Источна Европа.

Мартенс во контекст на смртта на Ратко Младиќ и откажувањето на посетата на Белград од страна на еврокомесарката за проширување Нарта Кос го анализира процесот на проширување на ЕУ.

Дописникот на ФАЗ смета дека Белград не го интересира што мисли Марта Кос за Младиќ и Србија затоа што Вучиќ знае дека неговата земја нема никакви шанси за членство во ЕУ.

,,Едно треба да се каже уште на почетокот: раководството на Србија има реално разбирање за тоа што значи, а што не значи процесот на европска интеграција. Во Белград совршено добро знаат дека членството во Европската унија не е на маса за Србија. Тоа важи без оглед на тоа кој ја управува земјата. Србија би можела да биде предводена од Мајка Тереза и Нелсон Мандела, а сепак да нема шанси да стане полноправна членка на ЕУ. Истото се однесува и на сите други држави од Западен Балкан, со можен исклучок на Црна Гора”, анализира Мартенс.

Некои извори тврдат дека високите пречки за прием на нови членки во Франција би можеле некако да се надминат во случајот на Црна Гора, но тоа останува неизвесно. За останатите земји перспектива за членство практично не постои. За Република Молдавија шанса би можела да има само преку повторно обединување со Романија – перспектива која, сепак, не ужива мнозинска поддршка кај Молдавците, вели Мартенс.

,,Европската иднина на Србија, според тоа, не се однесува на членство во ЕУ, кое и онака не е реално. Може, пак, да се однесува на потенцијално пристапување кон единствениот европски пазар.

Во меѓувреме, смртта на Ратко Младиќ – или поточно начинот на кој властите во Србија се справија со неа – во последните денови доведе до тензии меѓу Србија и Хрватска. На погребот закажан за понеделник во Белград за еден од најгрозоморните воени злосторници што Европа ги има видено од 1945 година, се очекува да присуствуваат неколку десетици илјади ожалостени, приближно колку што биле убиени по негова наредба.

Хрватската влада предупреди дека ставот на Белград на крајот би можел да ги блокира веќе застојаните европски амбиции на Србија. Сличен став изрази и Марта Кос, комесарката на ЕУ за проширување, која доаѓа од Словенија”, се вели во анализата.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top