Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите ќе се движат до 36 степени Целзиусови.
Автоматските станици на Управата за хидрометеоролошки работи утрово во 5 часот најниска температура од само 7,3 степени измерија во Демир Хисар, а највисока од 20,8 степени во Нов Дојран.