Свет

Трамп сака да го „прекрсти“ Ново Мексико

Најновиот предлог, кој веднаш беше отфрлен од гувернерот на државата, доаѓа само неколку дена откако Трамп потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во Езеро Америка

Американскиот претседател не престанува со идеи за преименување и овој пат неочекувао предложи американската сојузна држава Ново Мексико да се преименува во „Нова Америка“.

Неговиот предлог, кој веднаш беше отфрлен од гувернерот на државата, доаѓа само неколку дена откако Трамп потпиша извршна наредба за преименување на езерото Онтарио во Езеро Америка, во екот на трговскиот спор со соседна Канада.

„Многу луѓе предложија да го промениме името на Ново Мексико, една од најизмамничките држави на изборите, во НОВА АМЕРИКА. Многу попрестижно и поубаво за луѓето од оваа потенцијално неверојатна држава. Воа, ми се допаѓа!!!“, напиша Трамп на социјалните мрежи и објави видео генерирано од вештачка интелигенција на кое го менува знакот за името на државата.

Белата куќа, исто така, објави слика од името на државата на мапа со зборот „Мексико“ прецртан и заменет со „Америка“.

 

Гувернерката на Ново Мексико, Мишел Луџан Гришам, изјави за Фокс њуз, сосема сериозно, дека името „не е предмет на дебата – тоа е наше уште од пред постоењето на Соединетите Американски Држави“.

Минатата недела, Доналд Трамп предложи преименување на Ормутскиот теснец во „Трампов теснец“ додека војната со Иран продолжува, но неколку часа подоцна наговести дека не е сериозен во врска со планот.

Во 2025 година, веднаш по враќањето во Белата куќа, Трамп го преименува Мексиканскиот Залив во „Залив на Америка“, потег на кој Мексико силно протестираше.

 

 

Најнови вести од: Свет

To top