Хроника

Малолетниците се судриле во селото Мокриево, едниот мотоцикл не бил регистриран

Возеле без дозволи, двајцата се повредени

Две 13-годипни деца се судрија со мотоцикли во Струмичко, соопшти полицијата.

„На 7.9.2026 година околу 13:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека во селото Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од село Мокрино, струмичко, без возачка дозвола и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од .Мокриево, без возачка дозвола. Во несреќата малолентикот од .Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото изврши екипа од СВР Струмица“, соопшти полицијата.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top