Бизнис

Европската централна банка пред ново зголемување на каматите поради инфлацијата и енергетската криза

Инфлацијата во еврозоната расте

Frankfurt, Germany-August 16 : Euro Sign. European Central Bank (ECB) is the central bank for the euro and administers the monetary policy of the Eurozone. August 16, 2015 in Frankfurt, Germany.

Неизвесноста на енергетските пазари и забрзаната инфлација во еврозоната ја ставаат Европската централна банка пред нова одлука за зголемување на каматните стапки. Истовремено се отвора прашањето колку долго ќе трае затегнувањето на монетарната политика, пишува CNBC.

Според податоците на LSEG, пазарите во целост очекуваат ЕЦБ во четврток да ја крене клучната каматна стапка за најмалку 25 базични поени.

Одлуката доаѓа во услови на раст на инфлацијата во еврозоната, која во август достигна 3,3 отсто. Цените на енергијата пораснаа за 14,3 отсто. Како нето-увозник на енергија, еврозоната е особено чувствителна на последиците од војната меѓу САД и Иран и ризиците околу транспортот низ Ормускиот Теснец, што доведе до нагло зголемување и силна нестабилност на цените на нафтата.

Паралелно растат и трошоците за задолжување на европските влади. Приносите на државните обврзници се искачија на највисоки нивоа во повеќе децении.

ЕЦБ во јуни ги зголеми каматите за првпат од 2023 година, со што клучната стапка стигна на 2,25 отсто. На следниот состанок таа остана непроменета.

Економистот Феликс Федер од Aberdeen смета дека новото зголемување е „речиси сигурно“, но клучното прашање според него е дали тоа ќе означи почеток на подолг циклус на затегнување.

Тој оценува дека високите цени на енергијата, растот на платите и зголемените инфлациски очекувања ќе ја држат ЕЦБ фокусирана на ризиците од дополнителен раст на инфлацијата.

Инвеститорите, сепак, немаат единствена слика до каде би можеле да стигнат стапките. Истражувањето на Deutsche Bank покажува дека повеќе од една третина од испитаниците очекуваат клучната стапка да достигне 2,75 отсто. Една четвртина предвидува уште само едно зголемување, додека друга четвртина очекува циклусот да заврши на ниво од 3 отсто.

Најнови вести од: Бизнис

Божиновска за грчки “Енерџи Гејм”: Македонија станува клучна гасна раскрсница на Балканот

Енергетски центар за снабдување на Југоисточна Европа е новата улога што министерката Сања Божиновска ја најавува за Македонија по приклучувањето кон Вертикалниот коридор. Договорот беше потпишан на 4 септември во Солун, но патот од политички меморандум до гасна раскрсница зависи од изградбата на две клучни врски со Грција и Србија.

ММФ отвора центар за техничка помош за земјите од Западен Балкан и Молдавија

Меѓународниот монетарен фонд ќе отвори нов центар за техничка помош во Рим, наменет за земјите од Западен Балкан и Молдавија, со цел да им помогне во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на институционалните капацитети во процесот на пристапување кон Европската Унија. Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, оцени дека проширувањето на ЕУ повторно се наоѓа високо […]

(Фото): „Алказар Енерџи Партнерс“ обезбеди финансиско затворање за Ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Македонија

На реализацијата на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип, од Владата истакнаа дека инвестициите во обновливи извори на енергија, заедно со развојот на одржливиот транспорт, се меѓу клучните чекори кон модерна и енергетски стабилна Македонија.

(Фото): Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа

Според досега објавените податоци на „Евростат“, инфлацијата во Еврозоната во август се проценува на 3,3%, наспроти 2,6% во Македонија. Во јули инфлацијата во Еврозоната изнесуваше 2,9%, додека во Македонија беше 2,3%. Тоа значи дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од Еврозоната.

To top