Бизнис

До 80 години отплата и животно осигурување на трошок на банката – нов кредитен пакет за пензионери од АЛТА банка

Со можност за отплата до 80 години старост и ризико животно осигурување целосно на трошок на банката, АЛТА банка отвора повеќе простор за личните планови, избори и финансиска сигурност на пензионерите преку новата платформа „ЗА ВАС.“

Некои планови доаѓаат порано. Други подоцна. Да се обнови домот, да се помогне на семејството, да се реализира нешто што долго се одложувало или едноставно да се направи нешто за себе. Пензионирањето не ги прави тие одлуки помалку важни. Токму од таа идеја тргнува АЛТА банка со новиот Кредитен пакет за пензионери, чија најпрепознатлива предност е можноста кредитот да се отплаќа до 80 години старост, односно максималната возраст на клиентот на денот на целосната отплата да изнесува 80 години.

Посебна вредност на пакетот е ризико животното осигурување, кое АЛТА банка го обезбедува на свој трошок за целиот период на отплата на кредитот, без дополнителен трошок за клиентот. На тој начин, во случај на непредвиден животен настан покриен со полисата, се обезбедува заштита на преостанатата кредитна обврска и дополнителна финансиска сигурност за семејството. Новиот кредитен пакет овозможува износ до 600.000 денари, со рок на отплата до 120 месеци и фиксна каматна стапка од 7,50%. Но, зад бројките стои едноставна идеја: финансиските производи имаат најголема вредност кога го следат животот на луѓето и им оставаат простор самите да одлучат што им е важно.

„За вас. За сè што ве радува.“ „ЗА ВАС.“ е повеќе од порака за еден кредитен производ. Тоа е пристап со кој АЛТА банка сака уште подобро да одговори на реалните потреби на пензионерите – преку производи, услуги и погодности што им носат поголем избор, едноставност и вредност во секојдневието.

  • „Со овој пакет сакавме да понудиме повеќе од кредит – решение што носи и поголема сигурност за клиентите и нивните семејства. Затоа овозможивме отплата до 80 години старост, а АЛТА банка во целост го презема трошокот за ризико животното осигурување за целиот период на отплата, без дополнителен трошок за клиентот. Веруваме дека токму ваквите услови создаваат вистинска вредност за пензионерите – поголем простор за нивните планови и дополнителна финансиска сигурност.“ велат од АЛТА банка.

Новиот Кредитен пакет за пензионери е достапен преку експозитурите на АЛТА банка, а повеќе информации за производот и условите се достапни на altabanka.com.mk.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top