Натаму во оваа реакција се истакнува: Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава, и Општина Пустец дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на Македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. Цената на уцените од Софија врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонското национално малцинство.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз Македонците во Република Албанија.
Досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државјани доведува до асимилација на македонското национално малцинство во Република Албанија – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.