Инцидентот се случил вчера околу 12:30 часот во селото Банско, кога полициски службеници од ПС за граничен премин и граничен надзор Ново Село, заедно со припадници на Фронтекс, забележале „форд транзит“ натоварен со дрва.
При обид да го контролираат возилото и возачот Ф.И. (33), тој го придвижил комбето и удрил во полскиот полициски службеник, а потоа и во трактор управуван од 52-годишен жител на Банско.
Со тешки телесни повреди се здобиле полицаецот и возачот на комбето, што било констатирано во Медицинскиот центар во Струмица.
Полицијата утврдила и дека возачот на тракторот немал положен возачки испит, додека Ф.И. е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.