Македонија

Дезинсекција против комарци во Скопје од 16 до 19 септември – Пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Прскање во вечерните и ноќните часови

Во периодот од 16 до 19 септември, во вечерните и ноќните часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Од Град Скопје информираат дека прскањето ќе се изведува од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши во истиот термин, во првиот нареден ден со поволни временски услови.

Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Најнови вести од: Македонија

To top