Македонскиот поет Дарко Лешоски прашува зошто кладилницата Моцарт користи полуголи девојки во своите реклами.
Тој реагира на рекламна фотографија на обложувалницата Моцарт каде се повикува да се следи компанијата за обложување на која има слика од оскудно облечена девојка со топка.
На поетот не му е јасно зошто Моцарт го прави тоа и што е целта на еротската фотографија.
,,Зошто го правите уште ова? До кога?! Која е пораката која сте сакале да ја испратите?
Дека во вашите кладилници имате вакви девојки со полугол газ кои не чекаат? За што нам не чекаат? Што ќе правиме? Која е цената на тоа кое треба да го правиме? Која е пораката која сте сакале да ја испратите? – пак уште еднаш.
Дали сте свесни дека просечно интелигентен и просечно добар и лош човек каков што сам се сметам може само со една обична ќибритка да ви ја осветли потсвеста и да ве соочи со “снимка”, некој вид скен на истата? А на таа потсвест местото и е во камено доба или во некој утилитарен систем за кој нема место во државата во која јас сакам да живеам”, пишува Лешоски и прашува дали во Моцарт имаат и самите или познаваат некој кој има сестра или ќерка?
,,Дали сте толку глупи ко ку*ац или мислите дека ние сме глупи ко ку*ац?
И не, не сум и не се сметам себеси за феминист, а господин како што оставам да ме викаат само по шалтери и по банки – знам дека сум! Затоа дур сум жив ќе реагирам на “боратлук” и на мизерија.
И не треба да реагираат на вакви простаклуци ниту феминистки ниту жени воопшто, ами ние моја драга господо неандерталци”, порачува Лешоски кој иронично го фали Моцарт за надредниот знак на “ѐ” од “следете нѐ” што според него е и најдоброто нешто од цела реклама затоа што почитувањето на правописот е за поздрав.