Регион

Бугарија со најголем пад на населението во ЕУ од 8,4 отсто за 10 години

Во најголем број случаи не станува збор за иселување, туку за „природни причини“, односно за смртност, според Евростат

Новите податоци на Евростат покажуваат дека Бугарија се топи најбрзо меѓу земјите од Европската унија во поглед на бројноста на населението. Само во периодот од 1 јануари 2015 до 1 јануари 2025 година источниот сосед на Македонија загуби 8,4 отсто од населението. Во овој процент иселувањето има незначителен придонес, во најголем број случаи станува збор за „природни причини“, односно за смртност.

Останатите две земји кои најбрзо губат население се исто така од источниот блок – Хрватска со 7,3 отсто и Летонија со 6,3 отсто. Се намалуваат и Романија, Грција, Полска, Унгарија, Литванија. Сите други европски земји го зголемија своето население, а главната причина во повеќето случаи е имиграцијата во нив, а не природниот прираст.

На другиот пол е Малта. Медитеранскиот остров го зголеми своето население за повеќе од 30 проценти за една деценија. И жителите на Луксембург се зголемени за 21 отсто, а на Ирска за 16,3 отсто. Сосема позитивен биланс имаат и Шведска, Данска, Холандија и Франција.

Вкупното население на Европската унија се зголеми за 7,8 милиони луѓе или 1,8 отсто во текот на 10-годишниот период што се разгледува.

Најнови вести од: Регион

Затвор 45 дена за Сашка Стојановска (45) од Скопје, оти во јули 2026 уби куче – прогласена „намалено пресметлива“!

Основниот суд во Улцињ ја прогласи како виновна 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и уривање на нивното живеалиште“ и ја осуди на 45 дена затвор, пренесуваат црногорските медиуми. 

To top