Бизнис

Народна банка ги поттикнува младите истражувачи – во тек Конкурсот за годишната награда

Годишната награда е наменета за поттикнување на научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, како и за афирмирање на младите и стручни кадри.

Народната банка потсетува дека е во тек Конкурсот за годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Годишната награда е наменета за поттикнување на научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, како и за афирмирање на младите и стручни кадри. На Конкурсот можат да учествуваат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, со истражувачки труд кој содржи осврт кон македонската економија.

Трудовите може да бидат напишани на македонски, на албански или на англиски јазик, а на конкурсот може да се поднесе и труд што е веќе објавен, доколку е објавен по 1 јануари 2025 година. За најдобрите трудови се предвидени парични награди во износ од 130.000 денари за прворангираниот и 65.000 денари за второрангираниот труд.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година. Повеќе информации за условите за учество, начинот на пријавување, критериумите за оценување и за целокупната постапка се достапни во Конкурсот за доделување на годишната награда на Народната банка за 2027 година.

Најнови вести од: Бизнис

Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029, автопатот Кичево-Охрид до втората половина на 2027, потврди премиерот

Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година – најави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Најнови вести

To top