Македонија

Штипјанец со тешки повреди: Од болницата каде што лежел рекле дека паднал од кревет,тој тврди дека бил нападнат од болничар

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Триесет и петгодишен жител на Штип со тешки телесни повреди е хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата ги проверува околностите под кои настанале повредите.

Од МВР соопштуваат дека на 21 септември во 10 часот во СВР Скопје било пријавено од Клиниките „Мајка Тереза“ дека кај нив бил примен Р.Ј. (35) од Штип со тешки повреди.

Според пријавата на таткото, на 16 септември од јавна здравствена установа во гевгелиско, каде што се лекувал неговиот син, бил известен дека Р.Ј. паднал од кревет и се повредил.

Повредениот, пак, тврди дека во установата бил физички нападнат од болничар.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top