Бизнис

Андора очајно бара работници, просечната плата е 2.760 евра

Најбарани се здравствените и образовните работници, негувателите на стари и болни лица, домашните помошници и возачите на автобуси

Малото кнежевство сместено во Пиринеите помеѓу Франција и Шпанија е една од најпросперитетните европски земји, но во последните години се соочува со недостиг на работна сила, пишува францускиот портал „Линтернауте“.

Андора има население од нешто повеќе од 90.000 жители и БДП по жител од околу 39.000 евра. Просечниот бруто месечен приход е околу 3.700 евра, а просечната плата во мај годинава достигна 2.760,46 евра, што е за 7,7 проценти повеќе од претходната година. Средната (медијална) плата се зголеми за 5,2 проценти, на 2.235,73 евра.

Најплатените работни места се во финансискиот сектор, каде што просечната плата е речиси 5.000 евра, додека платите во трговијата, енергетиката, угостителството и земјоделството се пониски. Токму во некои од овие сектори на Андора ѝ недостигаат работници.

Оваа година, и покрај намалувањето на квотата за имиграција на 800 општи работни дозволи, владата мораше да додели дополнителни 250 дозволи за занимања каде што има недостиг на работници. Меѓу нив се здравствените и образовните работници, лицата што се грижат за стари и болни лица, домашните помошници и возачите на автобуси.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top