Навидум досадни докази, но клучни докменти и записници кои докажуваат како Артан Груби, како прв-вицепремиер сам побарал и го надполнил дневниот ред на фамозната владина седница кога на Лотарија и било дозволенод потроши милиони евра за да набави апарати за коцкање, иако тоа било незаконски. Обвинителсвото пред судот 231 материјален доказ, кои сопред нив ја потврдуваат вината на Груби и поранешниот директор на државните игри на среќа, Перпарим Бајрами.
Велат секој документ посебно ќе биде образложен по сослушувањето на седумте сведоци кои ги имаат предложено. Меѓу нив сигурно е актуелниот директор на Лотарија, Александар Климовски, а на втори октомври треба да се сослуша Владо Петковски кој во тоа време бил дел до раководството на Лотарија.
„Беа изведувани докази во насока на нивната надлежност, односно докази со коишто обвинителството ќе се обиде да докаже дека тие ги пречекориле своите овластувања. Понатаму беа изведувани докази по однос на нивното својство во моментот на сторување на делата, на кратко кажано, и докази коишто се однесуваат на тоа на кој начин се носени одлуките од страна на органите на управување на друштвото и на кој начин се набавени апаратите и на кој начин се платени“ рече Даниел Коцев – Обвинител од ОЈО Скопје.
„Нашата листа на докази, директорот на АД Државна лотарија е пред-предложен како сведок, односно како сведок претставник којшто треба да се произнесе во однос на имотно-правното побарување при окончувањето на кривичната постапка и така натаму“ рече Александар Давчевски – Обвинител од ОЈО Скопје.
Груби главно молчеше – седеше со лаптоп пред него и активно го следеше изведувањето на документите и списсите. Реагираше главно за материјалите од владината седница со која раководел, но судијката му објасни дека ќе каже што има кога ќе му дојде редот.
Претходно, адвоктаот на Бојан Јанев, кој во тоа време бил член на избршниот одбор на Лотарија а сега е дел од обвинетиоте, побараа одлужување на рочиштето затоа што немале доволно време да ја спремаат одбраната за разлика од обвинителството кое две години водело истрага.
„Од самите докази кои ги гледавме денес произлегува, дека обвинетите не само што не ги сториле делата кои им се ставаат на товар, туку напротив, тие постапувале по инструкции на Владата, со претходна согласност на Владата и само го штителе државниот интерес што им било во нивна надлежност како членови на Надзорниот одбор. За другите обвинети не можам да кажам“ вели Јордан Апостолски – Адвокат на Бојан Јанев.
Груби, Бајрами и уште шестмина се товарат дека со пречекорување на службените овластувања, нелегално набавиле коцкарски машини, што според обвинителството, незаконски било одобрено на владина седница со која претседавал тогашниот прв вицепремиер. Штетата која ја направиле се проценува на речиси 10 милиони евра.