Спорт

Официјално отворени училишните спортски лиги во Карпош

Општина Карпош

Во присуство на градоначалникот Сотир Лукровски, денеска на спортските терени во ООУ „Јан Амос Коменски“, официјално беа отворени овогодинешните училишни спортски лиги. Градоначалникот Лукровски ги поздрави присутните и истакна дека Општина Карпош континуирано вложува во спортот и обезбедува поддршка за младите спортисти и спортските таленти.

„ Овие училишни спортски лиги се одлична можност, нашите ученици од сите десет основни училишта, активно да спортуваат преку целата година, развивајќи го на тој начин спортски дух, компететивноста, но и дисциплината. Во спортот како што велат, најважно е да се учествува, но исто така, важно е и да се победува. Се надевам дека еден ден, како спортисти, гордо ќе го носите и претставувате и репрезентативниот дрес на Македонија, а ние како раководство на нашата Општина, сме тука за да ви обезбедиме максимално добри услови за да можете вие да го развивате вашиот спортски потенцијал“ – нагласи Лукровски.

И оваа година, училишните спортски лиги традиционално ќе се одржуваат во фудбал и кошарка за момчиња, како и одбојка за девојчиња. Натпреварите во кошарка и одбојка ќе се одржуваат во спортската сала „Партизан“, додека фудбалските натпревари ќе се играат на спортските терени во населбата Влае. Со реализацијата на училишните спортски лиги, Општина Карпош продолжува да создава можности за активно спортување, дружење и развивање на спортските вештини кај најмладите.

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top