Македонија

За осум месеци, 34 помалку загинати и 863 помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Сејф Сити“ спасува животи. Паметните камери кои од јануари годинава ги регистрираат неправилностите на македонските патишта ги даваат посакуваните резултати – помалку сообраќајни незгоди, помалку загинати и помалку повредени. Во првите осум месеци од 2026 година бројот на загинати во сообраќајки е намален за 35 отсто во споредба со истиот период лани. Од МВР посочуваат дека безбедноста во сообраќајот се повеќе се мери преку трагедиите кои биле спречени.

„Во периодот јануари–август 2025 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 96 лица, додека во истиот период од 2026 година загинале 62 лица. Тоа се 34 помалку загинати лица. Истовремено, вкупниот број настрадани лица е намален од 4.731 на 3.868. Станува збор за 863 помалку загинати и повредени лица, односно намалување од 18,24%.“- велат од МВР.

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак

Податоците покажуваат дека возачите се повнимателни и почесто ги почитуваат сообраќајните правила, со што е намален и бројот на најтешките сообраќајни незгоди. Бројот на сообраќајки со смртни последици е намален за 34%, додека бројот на незгоди со тешки телесни повреди е намален за 11 отсто.

„Бројот на сообраќајни незгоди со телесни повреди е намален од 2.291 на 1.896 или за 17,24%, а бројот на сообраќајни незгоди со материјална штета од 2.518 на 2.362, односно за 6,20%. Бројот на лица со телесни повреди е намален од 3.949 на 3.116, односно за 21,09% или 833 лица.“- велат од МВР.

Статистиките од изминатите години исто така ја потврдуваат ефикасноста на „Безбеден град“. Во периодот од 2010 до 2025 година, годишно загинувале меѓу 116 и 198 лица. Во 2019 и 2025 година биле регистрирани по 132 жртви.

Системот започна автоматски да регистрира прекршоци на први февруари оваа година. Возачите кои не ги почитуваат правилата добиваат казна преку СМС порака или е-маил. Од МВР потенцираат дека ќе продолжат со унапредување на системот за уште помалку сообраќајни незгоди и загубени животи.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

В година нова авиолинија Дубаи – Скопје

Новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона. Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

Пензиите од октомври ќе бидат повисоки за три отсто

Усогласувањето на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец.

(Фото): „Мотоцентар“ ги претстави брендовите „Dunlop“ и „Falken“ – нова ера на супериорни перформанси и безбедност на патиштата

„Мотоцентар“ официјално ја презентираше соработката со водечкиот глобален производител на гуми “Sumitomo Rubber Industries“ (SRI). Во рамки на презентацијата која се одржа денес во хотелот “DoubleTree by Hilton“ во Скопје, беа претставени брендовите Dunlop и Falken.

To top