Македонија

Септемвриските пензии повисоки за три проценти

Според одлуката на Уставниот суд од март годинава, зголемувањето нема да биде линеарно како во последните две години

Пензиите за септември, кои треба да бидат исплаќани во октомври, ќе бидат повисоки за три проценти, според законското решение, потврдиле од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за телевизијата Телма.

Во Фондот веќе се вршат пресметките за новите износи со цел исплатата да се подготви навреме.

Зголемувањето на пензиите се пресметува по формулата „збир од 50 отсто од растот на трошоците за живот и 50 отсто од растот на исплатената просечна нето-плата во првото полугодие од годината во однос на претходните шест месеци“.

Во последните две години секој пензионер линеарно доби зголемена пензија за вкупно 7.000 денари, но Уставниот суд во март годинава го сопре таквиот начин на исплата.

Следното усогласување на пензиите, според законот, ќе биде во март следната година.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

To top