Македонија

Средба Јанев – Станков: Продлабочување на соработката помеѓу полицијата и затворот

Заеднички чекори за посилен безбедносен систем

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, остварил работна средба со директорот на КПД „Скопје“, Оливер Станков, на која разговараа за унапредување и продлабочување на институционалната соработка во периодот што следи.

Безбедноста на граѓаните бара системски пристап, навремена размена на информации и координирано дејствување на сите институции кои имаат улога во спречувањето и сузбивањето на криминалот.

Јанев истакна дека фокусот ќе биде ставен на дополнително унапредување на моделот за размена на криминалистичко-разузнавачки информации, навремено препознавање на ризиците и спречување на криминалните активности да продолжуваат одвнатре кон надвор и обратно.

Во таа насока, заеднички ќе се работи на создавање поотпорен систем за рано предупредување и навремено реагирање, со јасна цел – поголема јавна безбедност и посигурно општество.

Посебен акцент ставија и на Одделот за тренинг и едукација, преку кој дополнително треба да се подигнуваат знаењата, професионалните стандарди и оперативната подготвеност на припадниците на затворската полиција.

Јанев потенцираше дека инвестицијата во знаење, размената на информации и заедничкото оперативно дејствување е инвестиција во безбедноста на граѓаните и во посилен безбедносен систем.

„Продолжуваме со конкретни чекори, со поглед кон иднината и со заедничка одговорност за безбедноста“, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

Министерот нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото.

To top