Македонија

СВР Охрид ќе добие најсовремен објект што ќе го има полицијата

Тошковски објасни зошто безбедносниот систем во текот на сезоната пуштен во Охрид

СВР Охрид ќе го добие најсовремен и најубав објект кој што ќе го има полицијата, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Главната зграда на СВР Охрид е дотраен објект предвиден за уривање, а на нејзино место, според плановите на локалната самоуправа, е предвидена изградба на подземна гаража за возила и уреден плоштад со соодветно хортикултурно уредување над подземната инфраструктура.

Тој посочи дека тоа е една од причините зошто системот на бил ставен во функција во текот на летната сезона во регионот на Охрид. Планирано службите да бидат префрлени во реновинираната поранешна касарна во Охрид, каде што подоцна ќе биде дислоциран и командниот центар на системот „Безбеден град“, кој дотогаш ќе функционира во објектот на Регионалниот центар Запад.

„Еден од најубавите објекти на МВР ќе биде објектот на СВР Охрид. Тоа беше една од причините зошто се одложи конкретна примена на Сејф сити во Охрид. На крај се одлучивме да изреновираме простории во Регионалниот центар запад, бидејќи и тој е лоциран овде. Понатаму целокупната опрема и се она што е поврзано со Сејф сити ќе биде префрлено во новиот објект на СВР Охрид“ рече Тошковски.

Според Тошковски, опремата и ресурсите поврзани со „Безбеден град“ во иднина ќе бидат дислоцирани во новиот објект, а реновираните простории во Регионалниот центар Запад ќе продолжат да се користат за други потреби во тековното работење на полицијата.

Тошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

Министерот нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото.

To top