Свет

Објавена вознемирувачка снимка од Изрелец заложник (ВИДЕО)

Хамас објави две видеа за два дена на кои се гледа израелскиот заложник Евјатар Давид

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговарал со Жулиен Лерисон, регионалниот раководител на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, и побарал негово вклучување во доставувањето храна и медицинска помош на израелските заложници во Газа.

„Лагата на Хамас за гладот одекнува низ целиот свет, додека нашите заложници трпат вистински, систематски глад, како и брутално физичко и психолошко малтретирање“, му рече Нетанјаху на претставникот на Црвениот крст.

„Светот не може да стои настрана пред шокантните сцени што потсетуваат на нацистичките злосторства“, додаде израелскиот премиер.

Според израелските власти, 50 заложници се уште се во Газа, а се верува дека само 20 се живи.

Во саботата, Хамас го објави своето второ видео за два дена во кое се појавува израелскиот заложник Евјатар Давид, пренесе Sky News..

Во видеото, Давид, кој е слаб како скелет, се гледа како копа дупка за која вели дека верува дека е негов сопствен гроб.

Тој беше киднапиран од музичкиот фестивал Нова на 7 октомври 2023 година.

Оттогаш е заложник во Газа, а снимките сугерираат дека е држен во темни тунели каде што преживува со оскудни оброци леќа и грав.

Во видеото Давид вели, (според англискиот превод), дека не јадел три дена.
„Нема доволно храна. Едвај можам да напијам вода“, вели тој.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Најнови вести од: Свет

Русија и Кина бараат одложување: Санкции против Иран неизбежни

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) денеска ќе гласа за нацрт-резолуција за иранското нуклеарно прашање, пред истекот на рокот за „snapback“ (повторно воведување) на санкциите против Техеран на 27 септември.

Предлог Тони Блер да ја предводи преодната влада во Газа

Експремиерот, кој ја предводеше Велика Британија во војната во Ирак во 2003 година, учествува во разговори на високо ниво со сите страни за да се стави крај на војната и да се планира иднината на палестинските територии по конфликтот.

To top