Македонија

Честитка од претседателката по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме!

Официјална честитка од претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, кој се одбележува на 28 септември.

Во пораката се наведува:

„Вие, Бошњаците, не сте само припадници на еден етнос, туку и важен човечки капитал. Вие, Бошњаците, имате не само уставно загарантирано право слободно да го изразувате, негувате и развивате својот идентитет преку културни, уметнички и образовни институции и здруженија, туку и реално да го остварувате.

Вие, Бошњаците, сте релевантен субјект во процесот на политичко одлучување, и во економскиот развој. Вие, Бошњаците, имате долга, автентична и богата национална приказна, којашто ја пишуваа вашите претци, денес ја пишувате Вие, а ќе ја пишуваат и генерациите по вас!

Посакувам младите Бошњаци да растат, да учат, да се образуваат и да се радуваат во мирна, здрава, демократска, солидарна, компетитивна и просперитетна европска држава.

Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом на рамноправни и среќни граѓани, во којшто, различностите ќе се почитуваат, а вредностите и принципите ќе не обединуваат, без оглед на етничката и верска припадност!“

Најнови вести од: Македонија

Бронзен медал за македонскиот тим на Јуниорската Балканска олимпијада по информатика во БиХ

Вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади на кои учествуваше Здружението во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави.

To top