Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Скопјани ги засукуваа ракавите. Илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, на големо се впуштија во чистење на главниот град. Околу 30.000 граѓани се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје и поуреден град. Акцијата, рече првиот човек на Скопје, ќе се повторува двапати месечно.

  • „Околу 30.000 вредни и посветени луѓе покажаа колкава сила има градот кога се обединува околу заедничкото добро”, беше истакнато во рамки на акцијата.

Посебен акцент беше ставен на потребата од создавање трајни навики за одржување на јавните простори. Како што беше посочено, секоја исчистена површина значи поздрав простор за живот, побезбедно место за игра на децата и поквалитетно секојдневие за граѓаните. Воедно, беше упатен апел до граѓаните да го почитуваат вложениот труд и да придонесуваат кон зачувување на чистотата на јавните површини.

Најавено е дека вакви акции ќе продолжат да се организираат двапати месечно, со цел граѓанската одговорност и грижата за животната средина да прераснат во трајна навика.

  • „Чистиот град започнува од нас – од грижата за сопствената улица, парк и маало. Денешната акција покажа дека кога граѓаните се обединуваат, може да се направи значаен чекор за почисто и поубаво Скопје”, беше порачано.

Во однос на новите комунални возила за собирање смет, Ѓорѓиевски очекува да стигнат веќе од следната недела, и рече дека ќе собираат отпад во општините. Само во периодот од 21. до 27. септември отстранети биле 915 кубни метри отпад од јавни површини низ скопските општини. Тоа покажува дека проблемот со ѓубрето не може да се сведе само на повремено, туку на континуирано чистење.

Организаторите упатија благодарност до сите граѓани, волонтери, институции, јавни личности и претставници на дипломатскиот кор кои се приклучија на акцијата и со својот ангажман дадоа придонес кон заедничкиот градски простор.

Најнови вести од: Македонија

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top