Македонија

МВР на полноќ уапсила двајца пиштолџии во Дебар

Се соочуваат со затворски казни

Пукањето на свадби и семејни веселби од кое годишно во Македонија страдаат десетици лица повторно може да стави нелегално  вооружени граѓани во затвор.

 

Од МВР информираат дека ноќеска малку по полноќ се уапсени двајца мажи од Дебар кои пукале на семејни веселби.

 

,На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица Дебар го лишиле од слобода Ф.П.(28) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека со пиштол пукал на семејна веселба. Пиштолот бил одземен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од МВР информираат дека преходно на 03.08.2025 во 22:45 часот во ОВР Дебар е приведен и Б.Ч.(31) од Дебар кој претходно, на семејна веселба во Дебар пукал од сигнален пиштол што го поседувал без соодветна потврда.

 

Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Речиси целосно пробиена трасата на булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево

По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје.

„Комунална хигиена“ со 12 милиони евра долгови и 60% од возилата расипани

Државната ревизија ја прочешла документацијата за 2024 година на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Според наодите на ревизорите компанијата има проблем со наплататата на нивната услуга, потоа забележано е нерационално управување со залихите, но констатирана е и намалена ликвидност.

To top