Македонија

(Видео): Ребалансот е поради лошото менаџирање на економијата, вели Филипче

Опозицискиот лидер оцени дека и покрај намалувањето на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата во изминатиот период пораснала за повеќе од 50 отсто, што според него значи дека приливите во Буџетот од ДДВ и акцизи не би требало да бидат намалени, туку би требало да останат најмалку на истото ниво.

Лошо менаџирање на економијата, а не намалувањето на акцизите и ДДВ за горивата е причина за најавениот ребаланс на Буџетот – обвини денеска претседателот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека во текот на месецов се очекува да заврши процесот на ребалансот на Буџетот.

  • „Ако недостатокот е околу 130 милиони евра, треба да се знаат вистината и фактите во однос на ДДВ и акцизата кај горивата. Вкупниот прилив по основ на ДДВ и акцизи на горива во 2025 година, кога немало криза, бил околу 500 милиони евра, односно околу 470 до 500 милиони евра. Значи дека три месеци требало да не се наплаќаат ДДВ и акцизи за да недостасуваат околу 130 милиони евра, како што кажува премиерот. Што значи – тоа не е вистина, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Опозицискиот лидер оцени дека и покрај намалувањето на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата во изминатиот период пораснала за повеќе од 50 отсто, што според него значи дека приливите во Буџетот од ДДВ и акцизи не би требало да бидат намалени, туку би требало да останат најмалку на исто ниво. Реалноста што стои зад ребалансот, според лидерот на СДСМ, е лошо менаџиран Буџет.

  • „Милијарда евра фалат во Буџетот. Не е за тоа виновна кризата. Таа има свој придонес, меѓутоа не до тој степен да треба нов ребаланс. Лошото водење на економијата и на финансиите доведува до тоа да фалат милијарда евра во Буџетот. Од каде ќе дојдат? Нови задолжувања. Нема друг извор на пари за оваа криминална власт, кои повторно ќе ги искористат за своите партиски криминални тендери“, вели Филипче.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски повтори дека ќе се прави ребаланс на Буџетот и изрази очекување дека процедурата ќе биде завршена во текот на октомври.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

(Видео): Владата најавува нов ребаланс до крајот на месецов – Од каде ќе се крати?!

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните.

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија во обид да се тргне бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија

Од бугарското Министерство за надворешни работи за бугарската информативна агенција БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат во заднината на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.

Ново исклучително откритие на македонската архајска некропола кај Корошишта, Струшко: богат војнички погреб со целосна опрема и предмети од злато

На археолошкиот локалитет Расница, с. Корошишта – Струшко, денес беа презентирани најновите ексклузивни наоди од истражувањата на архајската некропола – богато војничко погребување со комплетна воена опрема, кое според првичните согледувања е постаро од исклучителното откритие направено на истиот локалитет во 2024 година, информираат од Националениот археолошки музеј – Скопје.

Предлог на Стопанската комора: Најмногу 13 неработни денови и неработниот ден од недела да не се префрла во понеделник

Стопанската комора на Македонија набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.

To top