Македонија

Микро категорија на граѓани која има макро ефект врз општеството – Средба во Вила Водно

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“

 
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување (ин- витро) „До бебе по патот на ин – витро“, во состав Деспина Петровска, претседател и членови Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија Михајлоска Јанкуловска.

Претседателката најпрво им честиташе на храброста на сите жени и мажи коишто одлучуваат да станат родители по пат на „ин-витро“, истакнувајќи дека се силни личности, објави кабинетот на претседателката.

Таа го поздрави ангажманот на здружението, коешто како прво и единствено од ваков вид, се бори не само за унапредување на правата на пациентите кои поминуваат низ ин-витро процесот, туку и за достоинствено мајчинство и родителство.

Претставничките на здружението ја информираа претседателката за своите активности, укажажувајќи дека според податоците на Светската здравствена организација, едно од шест лица се соочува со неплодност, а соодносот меѓу мажите и жените е еднаков.

За нив, од исклучителна помош се измените на Законот за здравствена заштита, со којшто бројот на бесплатни ваучери за ин-витро, се зголеми од три на шест обиди, а клексанот започна да се издава на лекарски рецепт.

На средбата беа презентирани неколку барања и цели: зголемување на фондовите за поквалитетна терапија за ин-витро, можност генетските испитувања и анализи да се прават во МАНУ, а пренаталните, наместо во странство да се вршат во државата.

Имајќи го предвид проблемот со наталитетот во државата, тие укажуваат на потребата од системска поддршка на оваа микро категорија на граѓаните, која, како што дополни претседателката, има макро ефект врз општеството, стои во соопштението од кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

(Видео): Ребалансот е поради лошото менаџирање на економијата, вели Филипче

Опозицискиот лидер оцени дека и покрај намалувањето на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата во изминатиот период пораснала за повеќе од 50 отсто, што според него значи дека приливите во Буџетот од ДДВ и акцизи не би требало да бидат намалени, туку би требало да останат најмалку на истото ниво.

(Видео): Владата најавува нов ребаланс до крајот на месецов – Од каде ќе се крати?!

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните.

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија во обид да се тргне бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија

Од бугарското Министерство за надворешни работи за бугарската информативна агенција БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат во заднината на меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.

To top