Свет

ЕК предлага без вето за идни проширувања поради билатерални спорови

ЕК се одлучи за постепен пристап со силни заштитни механизми

Европската комисија денеска го објави предлогот за дискусија за идното проширување на Унијата, во кој земјите-кандидатки добиваат можност за постепена интеграција, но истовремено и низа заштитни механизми што треба да гарантираат дека новите членки ќе ги почитуваат преземените обврски.

Во документот насловен „Подготовки за поширока Унија“, Комисијата нуди конкретни насоки и практични чекори за идното проширување.

Земјите-кандидатки би можеле да учествуваат во одредени политики на ЕУ уште пред формалното членство, под услов да ги исполнат поставените критериуми.

Таквата постепена интеграција треба да го зајакне нивниот административен капацитет, да ја подобри подготвеноста за пристапување и да донесе опипливи придобивки како за граѓаните и бизнисите во земјите-кандидатки, така и во самата Унија.

Европската комисија се одлучи за овој модел откако земјите-членки ја одбија идејата за таканареченото „обратно членство“ – концепт според кој кандидатската земја би станала формално и правно членка многу побрзо, но без целосни права и бенефиции додека не ги исполни сите услови.

Во предлогот се предвидуваат и силни заштитни механизми во идните договори за пристапување.

Тие треба да овозможат казнување на новите членки доколку назадуваат во демократските стандарди или ги прекршат темелите вредности на Унијата. Во најсериозните случаи, можни се дури и одземање на правото на глас.

Комисијата предлага сет секторски заштитни мерки во три клучни области – економија, внатрешен пазар, како и правда и внатрешни работи.

Овие мерки постоеја и во претходните договори, но можеа да се активираат најмногу три години по пристапувањето.

Сега, според извори од ЕК, рокот би можел да се продолжи на 10, па дури и на 15 години.

Дополнително, се предлага и нова неинституционална заштитна клаузула што би се активирала при сериозно кршење на основните вредности на ЕУ и принципот на искрена соработка.

Одлуката за нејзино активирање би можела да се донесе без согласност од сите земји-членки.

Во документот се наведува и обврска за новите членки да не го користат правото на вето за идни проширувања поради билатерални спорови.

Со цел да се забрзаат преговорите, Европската комисија препорачува гласање со квалификувано мнозинство за отворање на преговарачки кластери, затворање на поглавја и други меѓучекори, додека едногласноста останува услов само за конечното пристапување.

Посебно внимание се посветува на Украина: се предлагаат ограничени земјоделски субвенции и ограничен пристап до чувствителни земјоделски производи, со цел да се заштитат производителите во Франција и Полска.

Пакетот за проширување за 2026 година, кој ги содржи извештаите за напредокот на кандидатите, ќе биде објавен на 28 октомври.

Во него ќе бидат вклучени и скици на планови за четирите земји што отишле најдалеку – Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина – под услов да го задржат реформскиот момент.

Овие планови ќе содржат и пробни временски рокови за поединечните фази од процесот на пристапување.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

To top