Спорт

Димитриевски со најмногу одбрани во Лигата на нациите

На четирите одиграни натпревари голманот на македонската фудбалска репрезентација запиша вкупно 21 успешна интервенција

Фудбалската репрезентација на Македонија ги загуби сите четири досега одиграни натпревари во своето деби во Б-дивизијата на Лигата на нациите, но го има голманот со најмногу успешни интервенции во сите четири дивизии од ова натпреварување на УЕФА.

Столе Димитриевски прими вкупно 10 гола од Швајцарија, Словенија и Шкотска, но со 21 одбрана е убедливо најуспешен меѓу чуварите на мрежата во ЛН.

Веднаш зад него се Сене Ламенс од Белгија и Џанлуиџи Донарума од Италија со по 19, Антони Морис од Луксембург со 18, а во топ-10 се и Вања Милинковиќ-Савиќ од Србија и Јан Облак од Словенија со по 17, Даниел Наумов од Бугарија и Рихардс Матревичс од Летонија со по 16, како и Гиорги Мамардашвили од Грузија и Каоимхин Келехер од Република Ирска со по 15.

Според бројот на одбранети удари упатени од шеснаесетникот, македонскиот голман е втор со 13, зад Облак со 14, а пред Морис со 12, Матревичс со 11, Донарума со 10 итн.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top