Спорт

Димитриевиќ и Арис го „запалија“ Солун, македонскиот бек блесна во Еврокупот

Најдобриот македонски кошаркар прв стрелец и асистент во грчкиот тим, кој славеше со 93:80 над Бургос

Навивачите на Арис создадоа јужноамериканска атмосфера во Солун во првиот домашен натпревар на Арис во Еврокупот, на која од трибините ѝ посведочи грчката кошаркарска легенда Никос Галис, а Ненад Димитриевиќ и соиграчите ги наградија со триумф од 93:80 против Бургос, пришто македонскиот бек беше најефикасен во победничкиот тим.

Репрезентативецот на Македонија постигна 21 поен за нецели 22 минути на паркетот, со реализација 3/8 за два поена, 2/3 за тројка и 9/11 од слободни фрлања, беше и најдобар асистент на мечот со 6 додавања, а запиша и два скока.

Екипата на Димитриевиќ, водена од клупата од легендарниот Василис Спанулис, е еден од фаворитите за освојување на второто клупско натпреварување по квалитет на стариот континент.

Спектакуларниот старт на натпреварот на линкот.

 

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top