На предизборен митинг во сојузната амарериканска држава Тенеси, американскиот претседател Доналд Трамп предложи преименување на Атлантскиот или на Тихиот Океан во „Океан на Трамп“ или „Океан на Америка“.
Ова не е официјален план; според „Фокс њуз“, тој ја изнел идејата на шега додека разговарал за преименување на Мексиканскиот Залив во „Залив на Америка“.
На митингот, Трамп изјавил дека САД треба да имаат океан и додал дека сака тоа да се случи „пред да си замине“. Претходно тој набројал промени направени досега – спомнувајќи залив и езеро – и истакнал дека сега се потребни голема река и океан.
Идејата следи по низа преименувања:
Во јануари 2025 година, Трамп потпиша извршна наредба во врска со Мексиканскиот Залив, кој сега во САД е познат како „Залив на Америка“.
На 27 август 2026 година, тој потпиша уште една наредба со која од федералните агенции се бараше да го користат името „Езеро Америка“ наместо „Езеро Онтарио“, најавувајќи дека одлуката ќе стапи на сила веднаш.
Уште тогаш, во Овалната соба, Трамп се пошегувал дека „сега им треба само уште океан“ и дека можеби ќе бидат преименувани и двата океана.
Од правен аспект, Трамп може да ги наметне имињата само во рамките на федералната администрација. Неговата посебна идеја за преименување на Њу Мексико во „Нова Америка“ би барала одлука од сојузната држава и од Конгресот.