Регион

Подметнати пожари и судири со полицијата во Тирана

Полициските сили употребија солзавец и водени топови во обид да ја стават толпата под контрола – повредени се 23 полицајци, а приведени се 35 лица

 

Протестите во албанскиот главен град, Тирана, прераснаа во немири. Демонстрантите нападнаа владини згради, банки и деловни објекти, пренесува „Асошиејтед прес“.

Стотици млади луѓе искршија излози, подметнаа пожари, оштетија згради на четири министерства и се судрија со полицијата. Полициските сили употребија солзавец и водени топови во обид да ја стават толпата под контрола. Повредени се 23 полицајци, а приведени се 35 лица.

Претседателот Бајрам Бегај го осуди насилството и повика на смирување на ситуацијата. „Уставот и законот мора да останат рамка за сите, без исклучок“, изјави тој.

Најновите демонстрации беа организирани од студентски групи кои бараат реформи во образованието.

Демонстрантите се приклучија на поширока антивладина кампања насочена против развоен проект поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таканареченото „Движење Фламинго“ бара оставка од премиерот Еди Рама, повикувајќи се на обвинувања за корупција од големи размери. Движењето го добило името по тоа што демонстрантите користат транспаренти на кои е прикажана оваа розова птица.

Најнови вести од: Регион

To top