Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски направи споредба колку растеле платите во земјава во првите две години од мандатот на СРСМ и ДУИ и првите две години од мандатот на сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Стојаноски, во пост на Фејсбук, вели дека за таа цел ги користел податоците за просечната нето-плата според Државниот завод за статистика.
Податоците, вели тој, покажуваат дека процентуалниот раст во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ е околу 75% повисок од процентуалниот раст во првите две години на СДСМ/ДУИ.
СДСМ – ДУИ:
– јуни, 2017 година: 22.808 денари → јуни 2019 година 25.205 денари.
Раст: +2.397 денари, односно околу +10,5%.
ВМРО – ДПМНЕ:
– јули, 2024 година: 40.961 денар → јули, 2026 година 48.499 денари.
Раст: +7.538 денари, односно околу +18,4%.
Апсолутната разлика во растот е:
– 7.538 − 2.397 = 5.141 денар.
- Ако споредиме на просечно месечно ниво, просечната исплатена нето плата во времето на СДСМ/ДУИ растела 100 денари на месец, а за истиот период во време на ВМРО – ДПМНЕ 314 денари на месец. Односно, во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ – вели Стојаноски.