Хроника

Го нема три дена, последен пат е виден на Tik Tok Live

ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ОД ГОСТИВАР

Семејството и пријателите 72 часа трагаат по Шабани Шемо од Гостивар.

Според роднините, последен пат бил виден на TikTok LIVE кај пријател од Гостивар. Веќе трет ден му се губи трагата, телефонот му е исклучен, а случајот е пријавен во полиција.

Шабани има 27 години.

Доколку некој има каква било информација, да се јави на 076 317 178 или во најблиската полициска станица.

,,Ве молиме, споделете!”. Секоја информација е важна, апелира неговото семејство.

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

To top