Македонија

Кој и зошто лаже во случајот на Ива Михаилова?

Се подготвува ли фалсификат за Ива Михаилова?

Бугарски медиуми учествуваат во специјална психолошка операција за да прават притисок врз „Пирогов“ да ги потврди лагите околу повредата на Михаилова?

Ова е прашањето кое се поставува откако докторот на чие мислење се повикуваше одбраната на обвинетата Михаилова повеќекратно ги демантираше наводите дека нејзината повреда би можела да предизвика траен ивалидитет, потенцирајќи дека е сосема можно таа да симулирала и преувеличувала симптоми, за да најде излез од судскиот процес во кој е обвинета.

Кочанчанката со бугарско самочувство Ива Михаилова се товари за предизвикување тешка сообраќајна несреќа со смртни последици и по бегството во Бугарија веќе неколку дена е во болницата „Пирогов“ од каде нема никакво официјално соопштение во врска со нејзината здравствена состојба.

Бугарските медиуми кои со месеци учествуваат во креирањето атмосфера дека има омраза кон Бугарите во Македонија, каков што е и нивниот државен политички наратив поврзан со барањето за промени на уставо на Македонија, сега креираат вести кои треба да создадат впечаток или притисок кон докторите во софијски „Пирогов“ за да дадат наоди за нејзината состојба кои ќе ја верифицираат приказната за ризик од инвалидитет.

Во насловот на блиц.бг се добива впечаток дека од „Пирогов“ потврдиле дека има опасност за Михаилова, но во текстот се повикуваат на мислењето на „македонските лекари“ кое не постои, бидејќи се работи за мислење на еден доктор кој негираше траен ризик за Михаилова.

Дали е ова специјална психолошка операција како обид за притисок врз бугарските доктори да фалсификуваат извештај во кој ќе го оправдаат бегството на Ива од Македонија „која мрази Бугари“, или е дел од политичкиот наратив на бугарската подземна мрежа, ќе дознаеме деновиве.

Фактите се непобитни, а тоа е дека ниту еден бугарски медиум не ги пренесе ставовите на Др. Барбов во врска со нејзината состојба, бидејќи не одговараат на наративот кој со месеци го градеа најголемиот дел од бугарските медиуми и сите политичари.

На оваа тема Богдан Илиевски објавува видео кое дава многу одговори за случајот.

Најнови вести од: Македонија

To top