Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 19:15 часот го лишиле од слобода Р.Д. (18) од Куманово, кај кој нашле мини арсенал од оружје и муниција.
При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, најави Министерството за внатрешни работи.