Македонија

Македонците во Србија Илинден го прославиле и со ,,Зелник фест”

И во Србија се чуваат македонската традиција, култура и обичаите

Македонците во Србија и годинава го одбележаа националниот празник Илинден.

На една од прославите македонското здружение ,,Вардар,, од Качарево по 16-ти пат го одржа  одржа ,,Зелник фест”.

Ова здружение од почеток на годината  одржа неколку манифестаци на кои благодарение на македонскиот активист и претседател на ,,Вардар”  Симо Најдоски се чуваат македонската традиција, култура и обичаите.

Пред Илинден ова здружение организираше повеќе други настани како што е ,,Песнопојскиот маратон” кој го водеа претседателот Симо Најдовски и Емина Радевска.

На ,,Зелник фест” за Илинден годинава учествуваа Македонки од цела Србија: Качарево, Јабука, Вршац…

 

На настанот што се одржал во очи Илинден на 01.08. во дворот на здружението големиот празник се славеше со македонски песни а за дечињата било организирано заедничко цртање на тема Илинден.

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top