Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина на канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама траеше околу два часа, а ситуацијата повторно ескалираше откако еден демонстрант фрли молотов коктел кон зградата.
Полицијата одговори со солзавец и водени топови, објави „Еуроњуз Албанија“.
Потоа демонстрантите фрлаа камења врз полицијата, а според прелиминарните информации, полицајците пукаа и со гумени куршуми.
Откако полициските сили ги растераа од булеварот „Дешморет е Комбит“, демонстрантите се разотидоа во неколку правци и продолжија да се собираат по околните улици и на плоштадот „Скендербег“.
Некои групи запалија канти за ѓубре и ги оставија на средина од патот за да го блокираат движењето на полициските возила.
Булеварот „Дешморет е Комбит“ беше испразнет, а во тој дел од градот останаа само полициски сили.