Бизнис

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Регионалната економска интеграција е важен предуслов за поголема конкурентност на компаниите од Западен Балкан, а бизнис-заедницата треба да има поактивна улога во креирањето на политиките што ја олеснуваат трговијата, оценува претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во интервјуто за Економија и бизнис. Според него, компаниите не треба да го гледаат Западен Балкан како шест одделни пазари, туку како заеднички регионален пазар што постепено ќе се усогласува со европските правила и ќе се интегрира во Единствениот европски пазар.

Во тој процес значајна улога има Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој, како што посочува Азески, придонесува регионалната соработка да се претвори од политичка декларација во конкретна економска агенда.

  • „Коморите се најблиску до компаниите и најбрзо ги идентификуваат проблемите што ја ограничуваат регионалната трговија. Преку заеднички настап, тие можат тие проблеми да ги претворат во конкретни препораки до владите и до европските институции“, истакнува Азески.

Тој смета дека регионот треба поактивно да се залага за повеќе договори за слободна трговија и за примена на четирите слободи врз кои се темели единствениот пазар на Европската Унија.

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Најнови вести од: Бизнис

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

To top