Македонија

Сиљановска Давкова на средба со македонската дијаспора во Будимпешта

Континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината, истакна претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за време на престојот во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, вчера имаше средба со претставници на македонската дијаспора.

„На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти, кои ме запознаа со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата“, објави претседателката на својата Фејсбук страница.

Претседателката нстакна дека континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината.

„Укажав на важноста на културната дипломатија и ја поздравив нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција“, вели претседателката во објавата.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, тие ја запознале претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата.

Соговорниците изразиле желба за јакнење на македонско-унгарските односи и дале предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажале и на потребата од отворање на културни центри во обете држави – додаваат од претседателскиот Кабинет.

Претседателката, пак, изразила задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество.

Претседателката во рамки на меѓународната програма за одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, присуствувала и на работниот ручек којшто за шефовите на делегациите го приредил претседателот на Унгарија, Андраш Бака.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Најнови вести од: Македонија

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

To top