Спорт

Спектакуларни „ножички“ на Миовски против Ференцварош во Лига Европа (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач еден од двајцата најдобро оценети фудбалери кај гостите од Шкотска во поразот од 2:1 во Будимпешта

Бојан Миовски втор натпревар едноподруго се запиша во листата на стрелците за Глазгов Ренџерс, овојпат погодувајќи во поразот од 2:1 кај Ференцварош во Будимпешта во Лига Европа.

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија ги доведе во водство гостите од Шкотска со „ножички“ во 27. минута, надоврзувајќи се на своите два погодока во триумфот од 3:0 кај Килмарнок во шкотскиот Премиершип во саботата.

Голот на штипјанецот беше признат по прегледувањето на снимката од ВАР за можна недозволена позиција во шеснаесетникот на Ференцварош.

За 26-годишниот напаѓач ова е петти гол сезонава за „полицајците“ во сите конкуренции и со оценка 7,2 беше еден од двајцата најдобро оценети играчи на Ренџерси, а теренот го напушти во 67. минута поради повреда.

Атрактивниот погодок на Миовски на добро познатиот терен во Унгарија од времето кога настапуваше за МТК Будимпешта на линкот.

 

 

Најнови вести од: Спорт

ПМФЛ: Вардар сè поблиску до титулата, Работнички и Пелистер ремизираа

Лидерот Вардар направи голем чекор кон освојување на титулата, откако попладнево го совлада Башкими со 2-0 во рамки на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ја зголеми предноста пред второпласираната Шкендија на шест бодови, додека во пресметката на директните конкуренти за опстанок Работнички и Пелистер одиграа нерешено 3-3

Тајната улога на поранешната министерка за внатрешни работи во еден од најголемите спортски успеси на Македонија (ВИДЕО)

Во времето кога се градеше златната генерација на македонската кошарка која подоцна ќе го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година, македонските функционери спроведоа брза и успешна акција за натурализација на американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб.

To top