Лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој во владата на Заев беше министер за здравство, јавно тврди дека вози автомобил вреден околу 6.000 евра, претставувајќи се како човек со скромен начин на живот.
Во интервјуто за ТВ Алсат М Филипче на прашањето каква кола вози одговара дека има евтина кола од 6000 евра.
Сепак, според информации од неговиот имотен лист Филипче поседува Мерцедес чија пазарна вредност достигнува околу 45.000 евра, како и мотор проценет на приближно 25.000 евра.
Ова директно противречи на неговите изјави за скромниот автомобил. Разликата меѓу наведените 6.000 евра и реалната вредност на возилата што ги користи е огромна – вкупно околу 64.000 евра.

Граѓаните и дел од јавноста кои ја забележале лагата на лидерот на СДСМ го критикуваат Филипче за обидот да создаде лажна слика за скромност, додека во реалноста располага со возила чија вредност далеку ја надминува просечната македонска плата и стандард.
Досега Филипче не дал официјално објаснување за овие несовпаѓања а граѓаните не можат да ја разберат логиката на неговата лага.
Чуму потребата @VFilipche да кажува дека има евтина коа од 6000 евра (?!) кога таква кола не постои во неговиот анкетен лист 🤔
Има Мерцедес (44К) и луксузен мотор (25К). Ако е каил да ми продаде нешто од тоа за 6000 евра одма се нафаќам
https://t.co/V6f4JSljfQ
— Mitre Kalabalak (@5891kripta) October 24, 2026
https://x.com/5891kripta/status/2114005581014958591
Цело интервју