Францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер, вели дека постои подготвеност да се олеснимдијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни.
„Целта е да се обнови дијалогот на доверба меѓу Скопје и Софија. Тоа е многу важно. Мислам дека двете страни треба да се посветат на тоа. Тоа е важно за нас како Европејци. Имаме потреба од обновување на довербата меѓу двата града, бидејќи тоа е клучен елемент за иднинта на евроинтеграциите на С.Македонија – вели Ле Риголер.
Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, амбасадорот Ле Риголер вели дека кружат многу идеи, илузии и фантазии за разговори зад сцена.
За случајот со Ива Михаилова, амбасадорот Ле Риголер порача дека не смее да се заборави најважната цел – правдата мора да биде задоволена.
Нагласи дека, имајќи предвид дека во случајот има жртва, правдата мора да се испорача на најблиските.