Македонија

Аљбуљена Хаџиу на средба со Африм Гаши

Поради посетатата, во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим

Претседателката на Собранието на Република Косово, Аљбуљена Хаџиу, денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание.

Како што информира собраниската прес-служба, по пречекот со високи државни и воени почести, Хаџиу ќе оствари тет-а- тет средба со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, и и ќе се потпише и во Книга на впечатоци. МИА

Поради посетатата во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека мерките ќе ги спроведува Единицата за безбедност на патниот сообраќај.

Во соопштението не се наведени конкретните улици што ќе бидат опфатени, ниту временските интервали во кои ќе важат ограничувањата.

Од МВР апелираа до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top