Бизнис

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Со цел да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската вклученост и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите при користењето финансиски производи и услуги во современите услови на дигитализација, од 28 октомври до 5 ноември ќе се одржат повеќе активности во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Деновите на финансиската писменост.

По повод одбележување на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Народната банка ќе организира работилница за штедењето со ученици, којашто ќе се одржи во просториите на едно основно училиште, а потоа учениците ќе ја посетат Народната банка, каде што ќе се запознаат со работењето на институцијата. Воедно, во Народната банка ќе се организираат едукативни предавања, како и квиз за учениците од едно средно училиште. Во рамките на соработката со Сојузот на средношколци, оваа година учениците ќе ја посетат Народната банка, при што ќе биде организирана трибина на тема: „Важноста на штедењето за економијата и поединецот“, на која средношколците ќе имаат можност да дискутираат на тема пари, штедење, инвестирање и управување со личните финансии.

Во рамките на Деновите на финансиска писменост, Народната банка ќе организира виртуелен настан на тема: „Родова финансиска инклузија“ којшто ќе се одржи на 4 ноември 2026 година. Предавањето ќе го одржи Елизабет Наумовски, која живее во Канада и е реномирана говорничка од областа на финансиското образование и мотивациски говорник за жените. Исто така, во соработка со Светската банка, Народната банка ќе објави и едукативен  видеозапис на тема: „Како да испраќате пари дома преку СЕПА – Единствената европска платежна област“ со цел запознавање на населението со предностите за прекугранични плаќања и приливи во евра, со над 40 земји членки на СЕПA. Меѓу другото, Народната банка ќе организира и посета на основни училишта од руралните средини во земјава во рамки на руралниот караван со цел запознавање на учениците со функциите и задачите на Народната банка.

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Најнови вести од: Бизнис

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

Најнови вести

To top